ЕМИГРАНТКА

8,00

Авторка Ирена Павлова

Едитор Феникс

Година 2017

Solo 1 pezzi disponibili

Descrizione

За нејзиниот роман, говорат Милован Стефановски, Звездан Георгиевски и Ѓорги Митровски.

“Тешко можеме да ја дефинираме „Емигрантка“. Ова четиво плива некаде меѓу повеста, романот, мемоарската литература, па и есеистиката. Токму затоа новото дело на Ирена Павлова де Одорико е толку возбудливо. Во него авторката бескомпромисно ги разоткрива сопствената интима, своите дилеми и стравови, прекршувања…, конечно и егзистенцијалистичката смисла на опстојувањето во времето и просторот.

Она што е важно е тоа дека нејзините дилеми и недоумици, колку и да се приватни и лични, всушност се дилемите и недоумиците на севкупната цивилизација во овие последни децении. Пред се’ тука станува збор за судирот на културните матрици и нивното неразбирање, како и за (не)можноста на нивно коегзистирање во одредена средина. На крајот на краиштата, и баучот на бегалците што кружи низ Европа, а богами и над Македонија, не е ништо друго туку тој судир на различните култури. Ова отвора многу посложени прашања околу таканаречениот хомо сапиенс, во смисла не неговата универзална природа (сите сме жители на планетата Земја) и неговата културолошка предодреденост.

Романот е пишуван од аспект на една емигрантка, која иако не е предалеку од домот и иако се наоѓа во ист поширок културен контекст (европскиот) и иако е подготвена да ги прифати универзалните вредности, сепак се судира со сопственото апартидство. Да, навистина, колку е човекот предодреден од културата во која растел, ги поминал своите формативни години и ја примил како своја? Но, романот отвора уште една, би рекле поважна тема: колку сме ние подготвени да го прифатиме Другото и Другиот?

IT